Поврзете се со нас

Англија

Лион му „грабна“ 50 милиони на Вест Хем, па претседателот ги закачи „чеканите“

Објавено

на

Лион продаде уште еден свој играч за голема сума на пари или поточно тоа во случајот е Лукас Пакета кој се пресели во редовите на Вест Хем.

Пакета играше одлично во францускиот прволигаш и со тоа се врати во репрезентацијата, го привлече вниманието на клубовите и се чини беше само прашање на време кога ќе направи трансфер. На крајот се реши да им каже „ДА“ на „чеканите“ кои за оваа зделка платија 50 милиони фунти.

Токму по комплетирањето на трансферот интересен коментар даде претседателот на Лион, Жан Мишел Ола кој со еден коментар го потцени клубот кој само што му ја наполни касата.

-Жално е што Лукас Пакета заминува, но тој сакаше да си замине. Мислевме дека имаме многу големи клубови, ги немаме. Моравме да разговараме со Вест Хем во последен момент, -рече Ола.

Инаку Пакета е деветто засилување за лондонскиот тим во актуелниот преоден рок.

Пропаднатиот талент на Милан се претвори во рекордно засилување за Вест Хем (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни