Поврзете се со нас

НБА

Лилард невидлив против Атланта, Јокиќ лидер во новата победа на шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

Атланта Хокс го преслуша Милвоки Бакс (127-100) во еден од шесте натпревари кои се одиграа во НБА лигата,

Домаќинот немаше решение за одличните „јастреби“ кои одиграа на високо ниво во напаѓачка смисла, но во исто време успее да го неутрализираат Лилард кој постигна само шест поени, поточно две тројки за 29 минути на паркетот. Плејмејкерот експлодираше против Филаделфија, меѓутоа сега се „изгуби“ против Атланта која пак тимски дојде до првото славје во кампањата.

Дури осум играчи беа двоцифрени, најдобар беше Јанг со 20 поени на кои придодаде 11 асистенции. Адетокумбо кај Бакс имаше дабл-дабл од 26 поени и 11 скокови.

Шампионот Денвер Нагетс има три од три, а најновото славје го запиша против Оклахома Сити Тандер со 128:95. Лидер беше Јокиќ со 28 поени, 14 скокови и 5 асистенции, зад него беше Портер Џуниор со 20 кошеви.

Највозбудливо беше во Сакраменто каде „кралевите“ по дополнителни минути беа подобри од ЛА Лејкерс со 132:127. На домаќините им припадна првиот период, „езерџиите“ пак ги надиграа во преостанатите три по што се дојде до продолжение во кое Сакраменто го имаше последниот збор.

Фокс со 35 и Монк со 22 поени беше најдобри, кај поразените Дејвис и Леброн искомбинираа 57 кошеви.

Останати резултати:
Хјустон – Голден Стејт 95-106
Филаделфија – Портланд 126-98
ЛА Клиперс – Сан Антонио 123-83

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни