Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски: Време е Барселона повторно да освојува титули

Објавено

на

Барселона во последниве години ги нема посакуваните резултати и се мачи да дојде до титули што дефинитивно е нешто на што не се научени на „Камп Ноу“.

Поради ова клубот на чело со Жоан Лапорта се одлучи да презема драстични мерки ова лето, потрошени беа големи средства и беа доведени Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Андреас Кристенсен, Франк Кеси, младиот Пабло Торе со тоа што се најавуваат уште неколку зделки.

Сето ова треба да придонесе Барса да биде далеку поконкуретна, поквалитетна и да може да освојува пехари. Токму едно од летните засилување Левандовски е оптимист и верува дека овој состав има капацитет за да ја врати славата која великанот ја заслужува.

-Мислам дека Барселона е предолго без титули, сигурен сум дека ќе ги освоиме, -порача Лева кој потоа ја објасни одлуката за неговото заминување од Баерн Минхен.

-Кога првпат дознав дека Барселона е заинтересирана да ме донесе во клубот, помислив дека тоа е совршен момент, за мене и за клубот. Во Бундеслигата се мина добро, тоа беше големо искуство за мене, но знаев дека е чекор напред за мојата кариера да дојдам во Ла Лига, -заклучи Полјакот.

Барса последниот голем трофеј го освои во 2021 година во Копа Дел Реј. Кога е во прашање Ла Лига не успех од сезоната 2018-2019, додека во ЛШ последен пат се радуваше во 2015 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни