Поврзете се со нас

Франција

Легенда на ПСЖ за иднината на Мбапе: Кој е негов омилен тим? Кога ги слушам изјавите…

Објавено

на

Килијан Мбапе влезе во последните шест месеци од актуелниот договор со Пари Сен Жермен што значи дека е слободен да преговара со сите заинтересирани клубови за неговите услуги и со тоа да си обезбеди бесплатен трансфер во некој од нив.

Кога е во прашање Мбапе и неговата приказна со ПСЖ досега имаме видено многу драми, пресврти, па така е овојпат се е отворено иако одново Реал Мадрид се потенцира како негова наредна дестинација. Се говори за одреден интерес и од ПЛ, ама „кралевите“ остануваат како фаворити по се што е видено, напишано, поминато низ изминативе години.

Сепак и опцијата ПСЖ е во игра, па легендата на овој клуб, Луис Фернандез кој има минато многу години во оваа средина како играч и како тренер верува дека сонародникот ќе остане на „Паркот на принцовите“.

-Да, тој ќе остане во ПСЖ. Кој е негов омилен клуб? ПСЖ. Кога ќе ги слушнам изјавите на сите, од претседателот на ПСЖ, кој презема иницијатива и зборува за ова прашање, кога ќе видам дека Килијан го прави истото по натпревар за потпишан договор, кога ќе видам дека ПСЖ сака да инвестира во овој нов технички центар. Ги доведовме Рандал Коло Муани и Дембеле, кои се пријатели кои Килијан сакаше да ги има покрај себе. Мислам дека ќе остане во ПСЖ и следната сезона, -порача Луис за „Беин Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни