Поврзете се со нас

НБА

Леброн жали што Лејкерс го „испушти“ Ирвинг: Не можам да кажам дека не сум разочаран…

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс беше еден од тимовите кој покажа сериозен интерес за Кајри Ирвинг, тим кој важеше за фаворит за негов ангажман, ама на крајот плејкекерот заврши во редовите на Далас Маверикс откако Бруклин Нетс се реши да ја прифати нивната понуда за размена на играчи.

Еден од оние кој со нетрпение го очекуваа Кајри беше Леброн Џејмс, човек кој многу добро ги познава неговите квалитети, човек со кого заедно освои титула, шампионски прстен во Кливлен Кавалирс.

-Не можам да седам и кажам дека не сум разочаран затоа што не донесовме таков талент. Тоа е некој со имав со одлична хемија на паркет, но тој е некој кој ви помага да го освоите првенство. Сега мојот фокус е префрлен назад таму каде што треба да биде и тоа е овој клуб сега и она што го имаме во соблекувалната. Не се возбудувам премногу за можностите на работите што можат да бидат.

-Замислувам што може да биде, ама не се вложувам во тоа сè додека не знам дека ќе се случи. И кога тоа не се случи, се вратив фокусиран на работата. Значи, имавме можност, нашите имиња беа таму, името на Лејкерс беше таму. Имавме можност, но тоа не се случи. Продолжуваме и ја завршуваме оваа сезона силно, да се обидеме да дојдеме до разигрувањето каде што чувствувам дека ако бидеме здрави, можеме да се натпреваруваме со секого, -порача јасно и директно „кралот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни