Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров со двојна сесија ги загрева ракометарите за сериозниот бараж предизвик (Фото)

Објавено

на

По вчерашниот прв собир од страна на селекторот Кирил Лазаров, македонската репрезентација денеска одработи два тренинзи како подготовка за првиот бараж дуел со Романија за пласман на Светското првенство.

За разлика од обично, Романците сега делуваат доста поопасно поради извонредниот ракометен стратег кој го имаат во своите редови, искусниот Чави Пасквал кој одлично го познава и Лазаров.

Македонскиот селектор денеска најави дека очекува некое изненадување од Пасквал, но нема да чуди и ако тој подготви такво нешто, бидејќи подготовките ги стартуваше со два тренинзи во ист ден.

Ракометарите вечерва одново се собраа и одработија тренинг, а од утре сите играчи ќе бидат на број и ќе почнат сериозни подготовки за првиот од двата меча кои се играат во четврток и сабота.

– Романија е селекција која треба да се почитува, го имаат Пасквал за селектор, човек кој беше тренер 12 години во Барселона, а тоа доволно збори за неговата големина. Имаат промени и напредок на клупски и репрезентативен план. Познавајќи го Чави сигурно ќе подготви некое изненадување, ама јас го знам како работи, – изјави денеска Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни