Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров направи една промена во составот за дуелот со Турција (ФОТО)

Објавено

на

Македонската репрезентација денеска го игра последниот меч од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, односно овој циклус го затвараме на домашен терен против селекцијата на Турција.

Оваа средба е закажана за 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а секако целта на нашиот национален тим е победа со која на најдобар начин ќе го потврдиме второто место во групата.

Селекторот Кирил Лазаров се реши да направи една промена во составот во однос на пресметката со Луксембург, па така ќе го немаме капитенот Никола Митревски или поточно се враќа Мартин Томовски кој ќе го сочинува голманскиот тандем заедно со Марко Кизиќ

Ова веројатно ќе значи дека капитен ќе биде Гоце Георгиевски кој денеска го игра последниот меч за националниот тим, става крај на репрезентативната кариера.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни