Поврзете се со нас

Балкан

„Лавовите“ немаа одговор за Чукарички на тестот во Словенија

Објавено

на

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров доживеаа убедлив пораз од Чукарички од 4-0 на контролниот натпревар кој се одигра во Словенија.

Избраниците на Горан Симов паднаа во финиишот на двете полувремиња, односно по едно слично сценарио ги примија сите погодоци.

Српскиот тим од 38 до 41 минута се стекна со водство од 2-0, додека од 83 до 88 даде уште два гола за убедливо славје на овој тест.

Со ова „лавовите“ ги завршија подготовките во Словенија, одиграа четири средби на кои не забележаа ниту еден триумф. Загубија уште од Целја (2-1), Марибор (3-1), а ремизираа со Радомље 3-3 во дуел во кој на 20 минути до крајот губеа со 3-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни