Поврзете се со нас

Шпанија

Ладен како шприцер: Реакцијата на Касилјас по победничкиот гол на Белингам (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ikercasillas

„Ел Класико“ пресметката на „Сантијаго Бернабеу“ донесе многу емоции и контроверзни моменти во текот на 90-те минути, но и пет гола кои беа доволни за вистински спектакл во фудбалскиот храм на „кралевите“.

Реал Мадрид двапати правеше пресврт и на крајот победи со гол на Џуд Белингам во 91-та минута, по што стана јасно дека титулата во Ла Лига е пред преселба во шпанската престолнина.

Тимот на Анчелоти отиде на плус 11 и ги разреши сите дилеми околу шампионската трка, па не беше чудо што многу играчи на Реал славеа како трофејот да е веќе освоен.

Еуфорични реакции преку социјалните мрежи имаа и поранешни легенди на клубот, а сега се појави и видео од Икер Касилјас кој сепак бил далеку порезервиран.

За разлика од Рафаел Надал кој во живо го следеше мечот на „Бернабеу“ и кој скокаше во ВИП ложата, Касилјас изреагирал максимално ладно по голот на Белингам, но набрзо заклучил дека со оваа победа на Реал, веќе не треба да се поставува прашањето кој ќе биде шпански шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни