Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро триумфираше на втората МотоГП трка во Катар

Објавено

на

Фабио Квартараро издоминира во вториот дел од Мото ГП трката во Катар и стигна до првата победа во новата сезона во кралската класа.

Членот на Јамаха на почетокот не најавуваше ваков епилог, но го искористи потенцијалот на својот моторцикл во продолжение, успевајќи да ја добие битката со дебитантот Хорхе Мартин од Примак Дукати.

По неколку дуели меѓу двајцата, Французинот последните кругови рутински ја задржа предноста во однос на Шпанецот, а тој го загуби и дуелот со тимскиот колега Жоан Зарко, па Мартин мораше да се задоволи со третото место.

Алекс Ринс долго се бореше за подиум, но остана на четвртото место, а до десеттата позиција се најдоа Вињалес, Бањаја, Мир, Биндер, Милер и А.Еспаргаро.

По две трки во новата сезона, водечки во генералниот пласман е Зарко кој освои две втори места.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни