Поврзете се со нас

Светски првенства

Крос откри за кого ќе навива во мундијалското финале и што мисли за пеналот за Аргентина

Објавено

на

Тони Крос не беше дел од германската репрезентација која разочара на СП во Катар, а во својата најнова изјава зборувал за претстојното финале.

Крос бил прашан за кого ќе навива во недела и без многу дилеми порачал дека посакува титулата да заврши кај Французите.

– Ако зборуваме за моите лични желби, посакувам трофејот да заврши кај Французите, сепак двајца соиграчи настапуваат во оваа селекција.

– Но, од друга страна, треба да бидам чесен и да кажам дека нема да биде грев ако трофејот заврши во рацете на Лео Меси, пред се поради кариерата која ја има зад себе, – рекол Крос.

Германецот имал став и за пеналот кој Аргентинците го добија на дуелот со Хрватска.

– За мене тоа беше чист пенал, судијата не погреши. Сепак имаше и корнер за Хрватска во претходниот напад, а судијата не им го додели, – рекол Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни