Поврзете се со нас

Репрезентација

Крај на сезоната: Велковски заработи тешка повреда на коленото

Објавено

на

Еурофарм Пелистер денеска ќе одигра натпревар против АЕК во ЕХФ ракометната Лига на Европа, но на неколку часа пред истиот, стана јасно зошто Кирил Лазаров не го вметна Мартин Велковски во поширокиот список за следните квалификациски средби.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер за жал претрпел потешка повреда на коленото, поради која ќе мора да оди на оперативен зафат бидејќи станува збор за кинење на лигаментите.

Ова во превод значи дека Велковски ќе биде во аут со месеци и за него сезоната е завршена, па покрај тоа што нема да може да му помогне на Бабиќ, ќе биде во аут и од македонската селекција. Покрај Велковски, денеска против АЕР за Пелистер нема да може да настапи ниту Јосип Периќ.

– На денешниот натпревар екипата на РК Еурофарм Пелистер ќе настапи без повредените Јосип Периќ и Мартин Велковски. За жал повредата на Мартин Велковски е од посериозна природа поради што тој ќе отсуствува од терените подолг период.

– Што се однесува до повредата на Јосип Периќ, лекарскиот тим на РК Еурофарм Пелистер ги вложува сите напори за негово поскорешно враќање на теренот. Во овој момент тешко е да се даде точна проценка на потребниот временски период за рехабилитација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни