Европски првенства
Кошаркарските кадети немаа решение за моќната Франција

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство и тоа од фаворитот Франција, кој на денешниот дуел славеше со убедливи 113:56.
По многу важниот триумф против Белгија, нашите кадети денеска не можеа да го изненадат моќниот противник, кој важи за еден претендентите и за трофејот на овој престижен турнир.
Првичната негатива по првиот период ја оставаше Македонија во игра на оваа средба, но не беше така и по наредните десет минути, бидејќи Французите на полувреме заминаа со предност од 60:32.
Тоа го претвори преостанатиот дел од мечот во рутинска победа за фаворитот, во кој Французите и дополнително го полнеа македонскиот кош.
Доријан Ивановски со 16 поени бил најдобар реализатор во нашиот национален тим, а го следеле Марјановиќ и Јаничиќ со по 10 поени, додека кај Французите, Нажи и Булефа реализирале по 16 поени.
Избраниците на селекторот Александар Јованчев утре имаат уште еден тежок предизвик, бидејќи за противник го имаат актуелниот европски првак Литванија.
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 14 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Англијапред 17 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Италијапред 11 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Македонијапред 16 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 13 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Италијапред 13 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)