Поврзете се со нас

Англија

Клоп го отпиша Ливерпул од шампионската трка во Премиер лигата: Имаме многу поголеми проблеми

Објавено

на

Јирген Клоп имаше забелешки за арбитражата на Мајкл Оливер и нагласи дека со своите одлуки влијаел врз резултатот на дербито, но покрај тоа, донесе и сериозен заклучок кога е во прашање битката за титулата во Премиер лигата.

Ливерпул има само две победи во воведните осум рунди во англиската елита и дефинитивно не личи на тимот кој пред неколку месеци се бореше за сите титули, па лошиот старт на сезоната направи Клоп да ја загуби вербата доста рано.

Германецот смета дека Ливерпул има многу поголеми проблеми од дебатата за шампионската титула, особено поради фактот што тимот веќе заостанвуа 14 и 13 бода во однос на Арсенал и Манчестер Сити.

– Ние не сме во трката за титулата. Имаме големи проблеми во моментов и мора да се обидеме да излеземе од нив. Ние се наоѓаме во ситуација во која не ни преостанува ништо друго, освен да излеземе и да се бориме. Нема да добиеме ништо ако се навраќаме на добрите денови од минатата сезона.

– Разочарани сме, примаме голови од наши грешки, сите три нивни гола можеа да се избегнат. Започнавме многу лошо на стартот на првиот дел, а го завршивме уште полошо со примен гол на крајот. Мора да работиме на себе и да мислиме само на следниот меч, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни