Поврзете се со нас

Франција

Клаузулата на Дембеле направи голем проблем за Барселона, ПСЖ ги разлути каталонците!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Усман Дембеле направи разлика на вчерашното „Ел Класико“ дерби и уште еднаш покажа дека е клучен кога е здрав и максимално подготвен за игра, но сега постојат големи шанси тоа да биде последниот меч кој го одигра за каталонскиот гигант.

Францускиот репрезентативец прерасна во примарна трансфер мета на ПСЖ и клубот од Париз е решен да ја искористи грешката на Барселона, која пред една година во договорот на Усман вметна клаузула која дефинитивно не ѝ оди во прилог.

ПСЖ денеска ги известила првите луѓе на Барса дека бара дозвола од клубот за да преговара со Дембеле, но водечките луѓе на каталонскиот гигант одбиле такво нешто и се огорчени од однесувањето на Ал Келаифи и неговите соработници.

Францускиот првак планира да ја активира поволната откупна клаузула која трае до 31-ви јули и која изнесува 50 милиони евра, што е за двојно помалку од тоа што ќе изнесува истата на 1-ви август (100 милиони евра).

ПСЖ ги известила луѓето од Барса дека веќе се подготвени 50 милиони евра за депонирање во седиштето на Ла Лига (така се исплаќаат откупни клаузули), но за трансферот да се реализира, зелено светло мора да даде и Дембеле.

„Мундо Депортиво“ вечерва открива дека останувањето на Усман е сериозно доведено во прашање, бидејќи вечерва и Чави свикал состанок со него и се обидел да го спречи трансферот кој би бил голем удар за неговиот план за новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни