Поврзете се со нас

АТП

Кирјос за Ѓоковиќ: Можат да го победат голем број на играчи, но…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ со победа над Дино Прижмиќ ја започна одбраната на титулата на Аустралијан Опен, односно походот кон 25. пехар на грен слем сцената.

Србинот се соочи со доста проблеми во пресметката со талентираниот Хрват и најдобар доказ за тоа е што мораше да мине четири часа на теренот, да одигра четири сета за конелни 3-1 или поточно да слави со 6-2, 6-7(5), 6-3, 6-4.

Ѓоковиќ веќе во следните мечеви сигурно ќе сака да заигра подобро, го крене нивото на игра и со тоа испрати јасна порака кон противниците кои сакаат да му застанат на патот кон остварување на неговата цел. Ник Кирјос нема да биде еден од тие ривали со оглед на тоа што е повреден, но рекетот од Австралија е актуелен и работи како стручен консултант за „Јуроспорт“, па од свој агол даде коментар по првата средба на првиот носител на првиот грен слем во 2024 година.

-Во два освоени сета, можно е да го победите, во три добиени тој е сосема поинаква ѕверка. Видовте како великаните како Федерер, Надал, дури и Енди Мари се мачеа да имаат успех против него.

-Дали мислам дека има играчи кои можат да го победат? Да. Мислам дека Алкарас, Синер, Медведев, Зверев, има многу играчи кои можат тоа да го направат, но тоа е неверојатно тешка задача. Сакав да видам што има да понуди BOAT (Најдобиот на сите времиња), дали ќе си ги најде нозете. Дефинитивно е омилен. Мислам дека е победлив, но ќе треба да видиме, -порача Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни