Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карагер зборувал за „среќниот“ Реал, па ретерирал: Никогаш не сум видел вакво нешто

Објавено

на

Реал Мадрид има сериозна предност во пресрет на реваншот со Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите, а фановите на „црвените“ потешко ќе го „сварат“ овој пораз поради фактот што нивниот тим имаше убаво водство до средината на првиот дел.

Подоцна гостите направија целосен пресврт и постигнаа пет гола во мрежата на Алисон, а ефектот кој го имаа врз фановите на Ливерпул е најдобро пресликан во изјавите на Џејми Карагер.

Клупската легенда на „црвените“ пред средбата не заборавил да потенцира дека Реал имал многу среќа минатата сезона кога стана европски првак, за на крајот да му биде тешко да избере зборови со кои ќе го испофали тимот на Карло Анчелоти.

– Минатата сезона Реал Мадрид беше најсреќен тим во Лигата на шампионите, – рекол Карагер пред средбата.

– Не се чувствувам најдобро, одлично сработено Реал. Никогаш не сум видел еден тим да дојде на „Енфилд“ и да го уништи Ливерпул на ваков начин во европски натпревар. Ова беше засрамувачки, – изјавил поранешниот дефанзивец во резимето на мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни