Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите надиграни и од Словенија на ЕП во Скопје

Објавено

на

Кадетската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Словенија од 100-65 на Европското првенство кое се одржува во Скопје.

Ова за нашите надежи беше трет пораз во низа, пораз по кој им престојат битки за опстанат во елитната А дивизија. Словенците уште во првата четвртина се стекнаа со предност од 15 разлика (25-10), позитива која продолжи да расте и на полувреме се замина со резултат 56-28.

Најдобрите минути ги имавме во третата четвртина која ја завршиме во наша корист со 22-15, но потоа одново паднавме и последните десет минути ги загубивме со 29-15.

Јаничиќ со 21 поен беше прв стрелец, Марјановиќ уфрли 11, а Петровиќ 10 кошеви.

Кај победникот лидер беше Махмутовиќ со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни