Поврзете се со нас

Италија

Јувентус сака да го „украде“ Лукаку“, Интер е незадоволен од однесувањето на играчот

Објавено

на

Интер сака да го задржи напаѓачот Ромелу Лукаку, но за да се случи тоа ќе мора да постигне договор со премиерлигашот Челси.

Белгиецот минатата сезона ја помина на позајмица на „Џузепе Меаца“ каде имаше добри настапи во вториот дел, завршницата што беше сигнал за Интер да притиска и се обиде да најде заеднички јазик со „сините“ за негов ангажман.

Меѓутоа засега е статус кво, Интер не успева да се разбере со Челси, а во оваа ситуација се вклучил и Јувентис. Наводно европскиот вицешампион нуди 35 милиони евра, плус уште 5 милиони евра во бонуси, но клубот од Милано се уште нема позитивен сигнал од самиот Лукаку.

Ромелу веќе разговарал со Јувентус и Интер воопшто не е среќен поради тоа. „Старата дама“ е подготвена да плати 37,5 милиони евра, плус 2,5 милиони евра, ама под услов да се ослободат од Душан Влаховиќ.

Останува да се види што ќе се случи во наредниов период и дали белгискиот репрезентативец може да му забие нож во грб на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни