Поврзете се со нас

Италија

Јувентус договорил заем на Артур во голем ривал

Објавено

на

Артур Мело се врати во Јувентус по завршувањето на заемот во Ливерпул, но од раководството одамна му беше посочено дека ќе мора да си бара нов клуб.

Бразилецот не е во плановите на Макс Алегри, а се чини дека ќе биде солидно освежување за средниот ред на Фиорентина.

Италијанските медиуми денеска тврдат дека Јуве и Фиорентина се договориле за заем на Артур, за кој „виолетовите“ ќе платат најмногу 3 милиони, а ќе имаат право да го откупат неговиот договор за 17 милиони евра.

Отстапката на Јувентус е во тоа ќе исплаќа половина плата за Артур, додека интересно овој ќе го носи дресот на клубот чии навивачи имаат голема омраза кон „бјанконерите“.

Артур дојде во Јувентус во јуни 2020 година, во договорот кој подразбираше дека Миралем Пјаниќ ќе се пресели во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни