Поврзете се со нас

Италија

Јувентус без еден стандарден стартер против Монца

Објавено

на

Јувентус вечерва го започнува настапот во италијанскиот Куп, а прв противник му е тимот на Монца.

Новиот член на Серија А го победи Јуве во првенството, а сега ќе се соочи со фаворитот и во Купот, каде „бјанконерите“ вообичаено се во групата фаворити за освојување на трофејот.

Макс Алегри денеска го соопшти списокот со фудбалери кои ќе бидат во комбинација, а на него го нема Адриен Рабио.

Официјално, Французинот е поштеден поради замореност и ќе се подготвува за дербито со Аталанта во Серија А.

Според најавите, на голот на Јуве треба да биде Перин, во одбраната Гати, Ругани и Данило, во средниот ред Мирети, Паредес, МекКени, Фаџоли и Илинг, додека најофанзивни ќе бидат Суле и Кеан.

Натпреварот Јувентус-Монца започнува вечерва во 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни