Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Јутарњи лист“ го опиша Шкупи: Спијат во МекДоналдс, добиваат ќотек во ноќни клубови, но… (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Хрватските медиуми се навикнаа на големи успеси во Европа кога е Динамо во прашање, па „разгалената“ фудбалска јавност поради тоа е исклучително критичмна по вчерашното издание кое го имаше националниот првак во Лигата на шампионите.

Шкупи извади извонреден резултат на гостувањето во Загреб во второто квалификациско коло во најелитното натпреварување, па конечните 2:2 од „Максимир“ ветуваат голема борба и битка за секој метар од теренот во Скопје, нешто што никој не можеше да го замисли по првите 90 минути во двомечот.

Македонскиот првак влезе како апсолутен аутсајдер и многумина од Хрватска го прежалија уште пред првиот меч, но по сензационалниот резултат, критиките во јавнсота се огромни, па има и сатирични вести како онаа на угледниот „Јутарњи лист“.

– Патуваат со редовни авионски линии, спијат во МекДоналдс, добиваат ќотек во ноќни клубови (скандалот со Адетунџи и Фаустин), но успеаваат да останат непоразени на „Максимир“ и имаат шанса да направат најголема сензацина во второто коло во Лигата на шампионите. Тоа е шампионот на Македонија, Шкупи. Момците на Гоце Седлоски го шокираа „Максимир“, кој можеше да се надева дека момците од Скопје ќе одиграат нерешено во Загреб?

– Пред натпреварот многу ги прогласија за отпишани и само се прашуваа колку голови ќе примат, но изгледа дека „фаст-фудот“ од МекДоналдс е доволно добра храна за да се пружи отпор на „модрите“ кои вчера разочараа. За нив Шкупи се покажа како преголем залак, како некој огромен „Биг-Мек“ кој не можеа да го проголтаат, – гласи објавата на „Јутарњи“, вест која е инспирана од патувањето на Шкупи од Гибралтар до Скопје, кога неколку часа целиот тим и стручниот штаб „дремнал“ во ресторан на МекДоналдс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни