Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски: Ривалите ќе бидат некомплетни, не би исклучил изненадувања во Талин

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за настапот во олимписките претквалификации во Талин, а селекторот Александар Јончевски уште на стартот на подготовките истакна дека главна цел на нашиот национален тим е да одигра квалитетни натпревари со силни противници и тоа да го искористи за примарната амбиција, пласман на ЕП 2025.

Во својата последна изјава за официјалната интернет страница на нашата федерација, Јончевски истакнува дека допрва ќе се анализираат противниците, а фактот што сите се ослабени остава можност и за изненадувања на турнирот.

– Многу е рано за некоја анализа на противниците. Пред се, затоа што оваа недела излегоа ростерите на другите репрезентации. Во договор со стручниот штаб, ќе седнеме и ќе ги анализираме и индивидуалните карактеристики на другите репрезентации.

– Можам да забележам дека ниту една репрезентација не е во најсилниот состав, како и ние. И затоа не би рекол дека изненадувања се невозможни. Без разлика на тоа што подобро котираат од нас на ФИБА ранкингот. Верувам дека со една добра борбеност, со мотивација во тој одреден момент ќе бидат пресуден фактор за понатамошниот тек на настаните, односно продолжување на турнирот во втората фаза.

– Ова е една исклучително ретка можност каде што можеме да се најдеме во група со квалитетни репрезентации и понатаму. Бевме во таква ситуација во 2012 година во Венецуела, каде за влакно ни побегна еден настап на Олимпијада. Секако во тоа време, тоа слободно можам да го кажам, Македонија беше една поквалитетна репрезентација, со 4. место на Европското првенство во Литванија во 2011 година.

– Меѓутоа, нема да ги потценам овие момци кои имаат желба, кои имаат мотив за да се претстават себеси и државата во најдобро светло. И да докажат дека една помала репрезентација, помала нација, може да се најде на еден таков голем собир – смета Јончевски.

Македонија меѓу 12 и 15. август ќе се сретне со Израел, Естонија и Чешка, а двете најдобри селекции во групата ќе обезбедат пласман во втората фаза во полскиот град Гљивице.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни