Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја потврди победата со клучна тројка, трипл-дабл на Ленард за победа на Клиперс во градското дерби (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл во НБА лигата, а постигна и решавачка тројка за триумф на незгодното гостување кај Индијана.

Српскиот центар имал ефект од 31 поен, 13 скокови и 10 асистенции, а погоди тешка тројка на неколку секунди до крајот на натпреварот. Мареј имал ист реализаторски ефект, но без трипл-дабл, додека Тарнер со 22 поени бил најефикасен во редовите на Индијана.

Л.А Клиперс го доби градското дерби со Лејкерс во чии редови не настапи ЛеБрон Џејмс, а најзаслужни за триумфот биле Ленард со 25 и Харден со 23 поени. Ленард стигнал до вториот трипл-дабл во кариерата за да ја одбележи важната победа, додека Расел и Дејвис го завршиле натпреварот со 27, односно 26 поени како најдоби реализатори во редовите на поразениот тим.

Њу Орлеанс уфрли дури 153 поени за победа против Јута, а МекКалум со 33 поени бил најефикасен на оваа средба.

Индијана – Денвер 109:114
Бруклин – Њујорк 103:108
Њу Орлеанс – Јута 153:124
Оклахома – Портланд 111:109
Л.А Клиперс – Л.А Лејкерс 127:116

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни