Поврзете се со нас

Балкан

Јарни за навредата од ѕвездата на Динамо: Јас кловн? Тоа…

Објавено

на

Хрватската фудбалска легенда, Роберт Јарни се најде во непријатна ситуација по изјавата дека ќе навива за Бетис во пресметката против Динамо Загреб во првата нокаут фунда во Конференциската лига на УЕФА.

Хрватска му врачи отказ на Јарни поради искрената изјава која ја даде за Динамо

Тој негов став дури му донесе и отказ од функцијата селектор на селекцијата на „коцкестите“ до 17 години, а доби и навреди од добар дел од јавноста во неговата земја, но и од Динамо Загреб поточно од првата ѕвезда Бруно Петковиќ кој го нарече кловн.

Јарни кој беше дел од славната генерација на Хрватите која го освои третото место на СП во 1998 година реши да се огласи, ама преку шпанските медиуми каде порача:

-Не кажав ништо лошо. Никогаш не играв во Динамо, играв во Бетис. Некои погрешно ги протолкуваа моите зборови, па сега велат дека не требало да го кажам тоа бидејќи сум селектор. Напротив. Реков дека Динамо има добри играчи. Jas кловн? Тоа најмногу говори за Петковиќ, -порача Роберт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни