Поврзете се со нас

Балкан

Хрватска му врачи отказ на Јарни поради искрената изјава која ја даде за Динамо

Објавено

на

Foto:twitter.com/HNS_CFF

Роберт Јарни е прославен хрватски фудбалер и беше член на историската генерација која освои бронза на Светското првенство во 1998-ма година, но во последно време беше актуелен во родната земја поради тоа што извршуваше селекторска функција.

Јарни до денеска беше селектор на селекцијата до 17 години, но Хрватите решија да го разрешат легендарниот фудбалер поради изјавата која излезе дека била автентична.

– Бетис е мојот клуб, таму поминав три одлични години. Ќе навивам за Бетис против Динамо, за Динамо никогаш не сум играл. Не знам кој би можел да ме обвини што ќе навивам за Бетис. Покрај тоа, јас сум хајдуковец во срце, – гласи изјавата на Јарни која предизвика голем револт во Хрватска.

Како селектор на млада репрезентација, Јарни не смееше да си дозволи изјава со која потврдува дека ќе навива против хрватски клуб, па рано утрово пристигна вест дека е разешрен од Федерацијата.

– Со едноглсна одлука, Извршниот одбор на хрватскиот фудбалски сојуз го разреши Роберт Јарни од должноста селектор на репрезентацијата до 17 години. Причина за тоа се непримерните изјави дадени во јавноста. Секој има право на свој избор, но за еден хрватски селектор непожелно и недозволиво е да навива против било кој хрватски клуб во европско натперварување, – гласи соопштението на Хрватите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни