Поврзете се со нас

АТП

Ивановски со нов пресврт до четвртфиналето во Кретеј

Објавено

на

Foto:instagram.com/kalin_ivanovskii

Калин Ивановски мораше да се намачаи за да го скрши отпорот на Естонецот Данил Глинка, но најдобра вест е што ја оправда фаворитската улога и се пласираше во четвртфиналето во Кретеј.

Фјучерсот во Франција се игра на тврда подлога во сала и Ивановски ја оствари втората победа со пресврт, откако се враќаше и во првата рунда против Русинот Кирил Кивацев.

За разлика од тогаш, сега беше доста потесно во сетот со кој израмни на 1:1, бидејќи Калин беше подобар дури по одиграниот тајбрејк кој го доби со 7:5.

Претходно, Естонецот славеше во првиот сет со 6:3, а последниот беше максимално едносмерен и нашиот најдобар тенисер го доби со убедливи 6:1.

Тоа му загарантира место во четвртфиналето, рунда во која за противник ќе има домашен претставник, Французинот Тристан Ламашин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни