Поврзете се со нас

НБА

Историски партии на Ембид и Таунс, Бостон го „неутрализираше“ трипл-дабл изданието на Дончиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Жоел Ембид и Карл-Ентони Таунс се играчите кои ја одбележаа минатава ноќ во НБА лигата и тоа со неверојатни партии кои се рекорди за нивните организации, клубови Филаделфија Севентисиксерс и Минесота Тимбервулвс.

Ембид „испука“ 70 поени во славјето на „76-ките“ над Сан Антонио Спарс од 133:123. Центарот беше незадржлив и го надмина рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен кој во овој дрес во 1967 постигнал 67 поени. Воедно интернационалецот од Камерун собра 18 скокови, забележа 5 асистенции и имаше по 1 украдена топка и 1 блокада.

На спротивната страна Вембањама беше автор на 33 кошеви.

Историско издание за „волците“ од Минесота имаше Таунс кој реализираше 62 поени, меѓутоа овој рекорд не беше доволен за екипата со оглед на тоа што Шарлот Хорнетс направи изненадување и славеше на дуелот со 128:125.

Гостите имаа страшна завршна четвртина која ја реализираа со 36:18 и со голем пресврт дојдоа до триумф на теренот на најдобриот тим на Западот.Комплетната петорка на Хорнетс беше двоцифрена, лидери беа Бриџис и Милер со 28 и 27 кошеви.

Дербито пак се одигра во Тексас каде Далас загуби од Бостон Селтикс со 119:100. Маверикс го имаше Дончиќ со трипл-издание од 33 поени, 18 скока и 13 асистенции, ама на спротивната страна беа Тејтум и Браум кои заедно искомбинираа 73 поени.

Резултати:
Детроит – Милвоки 113:122
Орландо – Кливленд 99:126
Филаделфија – Сан Антонио 133:123
Торонто – Мемфис 100:108
Минесота – Шарлот 125:128
Далас – Бостон 110:119
Феникс – Чикаго 115:113
Сакраменто – Атланта 122: 107

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни