Поврзете се со нас

Германија

Иско пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата

Објавено

на

Екс фудбалерот на Реал Мадрид и Севилја, Иско, кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата откако се договори со изненадувањето во германскиот шампионат.

„Скај Германија“ пишува дека Шпанецот постигнал конечен договор со Унион Берлин и во текот на утрешниот ден треба да го официјализира неговиот трансфер во бундеслигашот.

Иско летоска се пресели во Севилја по девет години поминати во Реал Мадрид, но по само пет во декември месеци спогодбено го раскина со андалузискиот клуб и од тогаш беше слободен агент.

Унион Берлин е вистинско изненадување во Бундеслигата оваа сезона и се наоѓа на втората позиција на табелата, а со ангажманот на Иско само покажуваат дек ане планираат да отстапат од тоа што го играат и до крајот на сезоната ќе атакуваат за излез во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

Пред Иско, за клубот од Берлин потпиша и Јосип Јурановиќ кој по одличниот Мундијал во Катар си обезбеди трансфер во Бундеслигата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни