Поврзете се со нас

Италија

Интер со минимална победа против Верона одржа чекор со водечките во Серија А

Објавено

на

Екипата на Интер со минимални 1:0 славеше против Верона и се врати на победничките патеки во Серија А откако во претходното коло ремизираше со Монца (2:2).

„Нероаѕурите“ го решија прашањето на победникот уште во 3. минута од натпреварот кога Лаутаро Мартинез ја погоди мрежата на Верона.

Тоа на крај ќе се испостави како конечен резултат, а Интер во текот на натпреварот имаше уште неколку шанси за погодок, но не успеа да ја затресе мрежата на противничкиот голман.

Со оваа победа Интер бодовно се изедначи со Јувентус и сега и двата клуба имаат по 37 бодови и ги делат третата и четвртата позиција на табелата.

Второпласиран е Милан со 38 бода, а далеку напред со 47 бодови е тимот на Наполи на кого му се смешка Скудетото после долги години чекање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни