Поврзете се со нас

Италија

Интер обезбеди две засилувања, но Инѕаги инсистира на уште две нови имиња

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер е блиску до освојување на скудетото во завршниот дел од сезоната во Серија А, а раководството одамна размислува за следната сезона и трансферите во летниот преоден рок.

Медиумите се убедени дека трансферите на Меди Тареми и Пјотр Зјелински се завршена работа, што значи засилување за нападот и средниот ред, но тренерот Симоне Инѕаги инсистира на уште најмалку две нови имиња.

Интер има потреба од уште еден офанзивен фудбалер или напаѓач, а „Газета дело спорт“ тврди дека прв избор е Алберт Гудмундсон од Џенова, фудбалер кој би можел да биде замена за Алексис Санчез.

Договорот на Чилеанецот истекува во јуни, а Интер е расположен за понуди и за Марко Арнаутовиќ, кој не импресионира откако пристигна од Болоња, а има проблеми и со повреди.

Второто дополнително засилување треба да биде во одбраната и како поддршка или замена за ветераните Ачерби и Де Фрај, од кои барем еден може да го напушти Интер по крајот на сезоната. Марио Ермосо е еден од главните фаворити за оваа позиција, но за фудбалерот на Атлетико Мадрид се интересираат и други клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни