Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги откри што им кажал на играчите на полувреме: Знаев дека…

Објавено

на

Интер дојде до голем бод на пресметката против Барселона (3-3) во натпревар во кој можеше да го освои целиот плен и уште вечерва да го прослави пласманот во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Невидена драма на „Камп Ноу“ со шест голови, Ливерпул „испука седмица“ против Ренџерс (ВИДЕО)

„Нероаѕурите“ одиграа квалитетен меч пред се во второто полувреме во кое ги користитеа сите слабости на шпанскио вицешампион, па направија пресврт за 2-1, имаа водство од 3-2 и на крајот пропуштија две големи прилики за 4-3 или поточно на патот до триумфот им застана голманот Марк Андре Тер Штеген.

-Им честитав на момците, одигравме одличен натпревар против квалитетен противник. Создадовме многу прилики за гол, страдавме заедно кога се браневме и можевме да го обезбедиме нашето место во нокаут фазата по 4 коло, но се надеваме дека ќе им ја дадеме таа радост на нашите навивачи против Викторија Плзен, -истакна тренерот Симоне Инѕаги кој обелодени што им кажал на играчите на паузата на која Интер губеше со 1-0.

-Мора да имаме храброст и никогаш да не престанеме да играме. Создадовме многу шанси за гол, примивме гол непосредно пред полувремето, но им кажав на момците за време на паузата да останат мирни, бидејќи знаев дека создадеме шанси. Ова реми можеше да биде и победа, сега ја имаме оваа шанса да се пласираме во осминафиналето, поминувајќи ја најтешката група на турнирот.

-Тука сум 15 месеци и навивачите секогаш беа покрај нас. Сепак пред Плзен, треба да се фокусираме на Салернитана и Фиорентина, -порача предводникот на „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни