Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Невидена драма на „Камп Ноу“ со шест голови, Ливерпул „испука седмица“ против Ренџерс (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона и Интер покажаа зошто средбата на „Камп Ноу“ важеше за дерби на вечерта во Лигата на шампионите, па по една супер драма со шест погодоци одиграа без победник 3-3.

Каталонците бараа победа на овој меч и истата ја имаа по првото полувреме со голот на Дембеле, но во вториот дел екипата одново имаше пад како на претходните лигашки мечеви што ги одигра во изминатиов период, односно секоја грешка, невнимателност Интер знаеше како да ја искористи.

Барела и Мартинез до 63 минута го свртеа резултатот во Каталонија, а тоа беше најава за вистински трилер во завршницата.

Прво Левандовски во 82 израмни на 2-2 и кога сите помислија дека Барса ќе проба да направи пресврт по една контра Мартинез го проигра Госен за ново водство на калчолигашот. Шпанскиот прволигаш одново одговори во 92 минута преку Леванодовски за 3-3 за да на крајот Тер Штеген со две супер одбрани го задржи овој резултат и ја остави својата екипа во игра за пласман во осминафиналето.

Во истата група Баерн го доби Плзен со 4-2, па бундеслигашот со 12 бода е прв, Интер има 7, Барселона 4, а чешкиот првак е без поени.

Најубедливиот триумф го прокнижи Ливерпул како гостин и тоа против Ренџерс со 7-1. Арфилд донесе голема радост за домаќините по што потоа стигна одговорот од премиерлигашот преку Фирмино (2), Нуњез, Салах (3) и Елиот.

На другте средби Леверкузен-Порто 0-3, Спортинг-Марсеј 0-2 и Тотенхем-Франфурт 3-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни