Поврзете се со нас

Италија

Имобиле ја напуштил болницата, посакува враќање за следното дерби на Лацио

Објавено

на

foto: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Чиро Имобиле ја напуштил болницата во Рим и ќе продолжи со лекување под надзор на лекарскиот тим на Лацио, додека истовремено е загрижен за една од своите ќерки кои биле во автомобилот кога се случил судирот со трамвај.

Автомобилот на напаѓачот на римскиот клуб заврши со големо оштетување по судирот со трамвај во близина на стадионот на Лациов во Рим, а самиот Имобиле заработил напукнување на ребро и други поситни повреди.

Дека судирот не бил наивен покажува и фактот што двете ќерки кои биле на задните седишта исто така морале да добијат лекарска помош, а едната од нив имала и позагрижувачки проблем.

Имобиле останал еден ден подолго во болница бидејќи докторите решиле дека треба да ја задржат на испитување Микела, една од неговите две ќерки, а италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот бил загрижен поради ваквата ситуација и избегнал комуникација со новинарите.

Главна цел на голгетерот на Лацио е да се врати во тимот за дербито со Интер на 30. април, но прашање е дали ќе добие зелено светло за такво нешто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни