Поврзете се со нас

НБА

Ибрахимовиќ го привлече вниманието во Њујорк и имаше интересна средба со најконтроверзната НБА ѕвезда (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ пред неполна неделна беше во Катар и во живо го следеше големото финале на Светското првенство, но рано утрово беше забележан на уште еден спортски настан.

Ибра беше присутен во салата во Њујорк и ја гледаше победата на домашниот Бруклин над Милвоки од 118:100, но по натпреварот, имаше и интересна и срдечна средба со најконтроверзната ѕвезда во НБА лигата.

Судирот на два комплетно различни карактери им привлече внимание на американските новинари, бидејќи и Златан Ибрахимовиќ и Кајри Ирвинг се познати по своите необични размислувања и изјави во јавноста.

Кајри како домаќин во дадената ситуација покажа класа и му пријде на Ибра по крајот на натпреварот, при што му подари и дрес како убав сувенир од гостувањето во Њујорк.

Ибрахимовиќ со години нананзад важи за еден од најконтроверзните и најсамобендисани фудбалери во светот, додека Кајри со своите теории за планетата и ставот против вакцинацијата е убедливо најкритикуван кошаркар во Америка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни