Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Овој бод е добар, ќе пробаме да го обезбедиме првото место

Објавено

на

Составот на Манчестер Сити не ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај ФК Копенхаген, но резултатот 0-0 на крајот и не е така лош за англискиот првак ако се земе во предвид дека тие од 30 минута играа без исклучениот Серхио Гомез.

Сити постигна гол преку Родри во раната фаза, ама тој потоа беше поништен поради претходна игра со рака од страна на Марез. Потоа пак Марез не искористи пенал по што стигна црвениот картон за шпанскиот интернационалец.

-Почнавме добро и се беше во ред додека имавме 11 играчи. Игравме еден час со десет играчи и мислам дека издржавме. Бевме паметни со топката, ама премногу не притискавме. На крајот овој бод е добар, -рече Гвардиола кој порача дека неговата екипа сега ќе цели да го потврди првото место во групата.

-Сега ни претстои гостување во Дортмунд за да се обидеме да го обезбедиме првото место во групата. Веднаш се враќаме во Манчестер, утре имаме слободен ден и се подготвуваме за дербито со Ливерпул во недела, заврши тренерот на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни