Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Ова не е мала работа, да потсетам на лизгањето на Тери и голот на Реал против Атлетико

Објавено

на

Пеп Гвардиола го одведе Манчестер Сити до првото финале во Лигата на шампионите, а по реваншот со ПСЖ тој уште еднаш истакнал колку е тешко да се стигне до таа фаза на елитното натпреварување.

Во својата изјава Шпанецот споменал и некои возбудливи завршници од историјата на ЛШ, давајќи му дополнително значење на она што го направи неговата екипа.

– Тие имаа играчи во средниот ред во првото полувреме и ние не се снајдовме најдобро, но направивме промени на паузата и потоа беше подобро. Во тој период го надигравме тимот кој ги елиминираше Барселона и Баерн, секоја сезона освојува титули е и граден за такво нешто.

– Можеби луѓето сметаат дека е лесно да се дојде до финалето на Лигата на шампионите, но за нас е епилог на она што го правевме последните четири-пет години.

– Детали може да решат вакви натпревари, да потсетам дека Маркињос ја погоди гредата во првиот дел. Да не заборавиме дека Јунајтед освои титула затоа што Џон Тери се лизна, или во завршните минути против Баерн, а Реал стигна до трофеј откако постигна гол во 93. минута против Атлетико. Ова е навистина тешко натпреварување и нешто што се наоѓа меѓу ѕвездите секогаш има свое влијание, – смета менаџерот на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни