Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ова беше навистина добро, играчите ми покажаа една работа

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити имаше подеми и падови на пресметката со Њукасл, а во еден момент изгледаше и загубено на „Сент Џејмс Парк“, односно не даваше значи дека може да се врати и избори за позитивен резултат по водството на противникот.

Меѓутоа влегувањето на Кевин Де Брујне се промени, Белгиецот по кој знае кој пат потврди дека е играч од светска класа, па така прво со мајсторски гол израмни на 2-2, а во 91 минута додели мајсторска асистенција до младиот Боб кој стрелаше за конечни 3-2 и три големи бода.

Менаџерот Пеп Гвардиола беше презадоволен од кам-бекот со кој играчите едноставно му покажале, потврдиле дека се уште се гладни за титули во Премиер лигата.

-Ова беше навистина добро, понекогаш е подобро да се победи на овој начин за тимот, за се. Беше неверојатно од тимот, начинот на кој игравме со карактер, Ми покажаа дека сакаат да бидат таму, да се борат до крај дека сакаат да ја задржат титулата, -порача Пеп за „Би-Би-Си Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни