Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола изанализира и со ладна глава: Не бевме доволно добри против Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола мораше да се прибере и брзо да се насочи кон полуфиналето со Челси во ФА Купот, бидејќи добро за него и неговиот тим ќе биде што побрзо да ја архивира болната елиминација од Реал Мадрид.

Сити не успеа да победи на меч на кој доминираше речиси 120 минути, но шпанскиот стручњак останува горд на својот тим и со ладна глава излезе со сличен заклучок како оној кој го даде веднаш по натпреварот во средата.

– Игравме перфектни 80 минути по приметниот гол, но не можеа да бидат 90. Не зависи само од нас, знаете ли со кој тим се сретнавме? Зарем очекувавте да ја немаат топката во свои нозе и да не создадат шанса за гол? Исто така не може да очекувате од нас секоја година да ја освојуваме триплетата. Невозможно ќе биде да ја освоиме и Премиер лигата 20 години по ред.

– Најважно беше што игравме со карактер, бевме неверојатни од почеток до самиот крај, имаше многу работи кои ги направивме добро. Пеналите ја направија главната разлика и мора да го прифатиме тоа.

– Не бевме доволно добри во игра како минатата година против нив, да беше така, на крајот ќе победевме. Минатата година ги победивме, овојпат тие се радуваат. Нема потреба од други закличоци, кога противникот ќе ве победи, ферски е да му честитате. Реал успеа да се одбрани, се бранеше многу ниско и тоа го правеше извонредно. Мојот тим не успеа да се справи со тоа, но останувам горд на моите играчи, – изјави Гвардиола пред полуфиналето со Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни