Поврзете се со нас

Европски купови

Граџан: Спортинг има слична одбрана како нашата, нема да имаме проблем да ја пробиеме

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува нов настап во Лигата на Европа и тоа против Спортинг во Португалија.

Битолчани се во одлична форма и желбата е добрата низа на резултати да се продолжи и против лидерот во групата Д. Пелистерци го почитуваат португалскиот претставник, но во исто време веруваат дека имаат против игра со која можат да се вратат непоразени од ова гостување во Лисабон.

-Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа. Пред две сезони игравме против Спортинг. Имаат одлична екипа, брз проток на топка и слична одбрана како нашата. Мислам дека ќе се спремиме и нема да имаме проблем да ја пробиеме, -порача кружниот напаѓач Елмир Граџан.

Средбата Спортинг-Пелистер се игра утре во вечерниот термин од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни