Поврзете се со нас

Балкан

Голема победа за Ристовски и Адеми: Динамо го реши Хајдук на „Пољуд“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот хрватски шампион Динамо Загреб славеше над Хајдук со 1-0 во вечерашното дерби во ХНЛ лигата.

Гостите од Загреб се изборија за голем триумф со кој го преземаа второто место на табелата, односно сега пред нив е само Ријека која им бега пет бода со напомена дека Динамо има одиграно и еден меч помалку што значи дека разликата може да биде и само два поени.

Клучниот момент на „Пољуд“ се случи во 38 минута кога Петковиќ одлично се снајде, испрати прецизен удар за радост која на крајот се покажа и како доволна за три бода.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери кај „модрите“, првиот беше активен 90 минути, вториот беше заменет во 55 минута.

Кај домаќините пак на клупата остана Александар Трајковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни