Поврзете се со нас

АТП

Голем шок во Лондон: Четвртиот фаворит на Вимблдон елиминиран со 6:0 во петтиот сет! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Каспер Руд играше во големото финале на Ролан Гарос и во завршниот меч го преизвика Новак Ѓоковиќ, но за него ситуацијата драстично се менува кога игра на тревна подлога.

Четвртиот светски тенисер влезе како четврти носител на Вимблдон, но денеска доживеа огромно разочарување уште во второто коло и мораше да се поздрави од Ол Ингланд клубот.

Британецот Лијам Броуди ја направи сензацијата на денот во англиската престолнина, бидејќи после тешка битка во пет сета покажа дека е подобар од Руд со 3:2 во сетови.

Броуди го почна својот одличен ден со предност од 6:4 во првиот сет, Руд после одговори и направи пресврт со 6:3 и 6:4, но потоа целосно застана и освои само три гејма во преостанатите два сета.

Домашниот тенисер со 6:3 го однесе мечот во одлучувачки петти сет, а таму му подари „компир“ на Норвежанецот и со неверојатни 6:0 се пласираше во третата рунда на Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни