Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Голем потег на тренерот на Магдебург: Ајде да го прекинеме финалето, Кјелце нека го освои трофејот во ЛШ

Објавено

на

Магдебург по една голема драма успеа да стигне до пехарот во Лигата на шампионите, прв трофеј во ова натпреварува по пауза од повеќе од две децении.

Германскиот тим славеше над Килеце по продолженијата во меч кој се случи и една непријатна ситуација на трибините каде еден новинар колабираше и мораше да му биде укажана медицинска помош. Средбата беше во прекин во вториот дел, а при таа ситуација тренерот на бундеслигашот Бенет Вигерт му предложил да колегата од спротивната страна Талант Душебајев да го прекинат натпреварот и тие да бидат шампиони.

-Ајде да завршиме со натпреварот. Овие работи се поважни од спортот. Ќе го прифатиме резултатот и вие ќе ја освоите ЛШ, се зборовите на Вигерт кои го пренесува „Билд“.

-Тоа го одбија. Сега е лесно да се каже, но останувам на фактот дека се што се случи покажува колку се блиски радоста и тагата, така е во животот. Се чувствувам лошо, многу ми е жал. Мое сочувство. Мислите ми се со семејството на починатиот новинар од Киелце. Многу ми е жал, не знам што друго да кажам, -истакнал предводникот на бундеслигашот по финалето.

Почина новинарот кој колабираше за време на финалето меѓу Магдебург и Кјелце

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни