Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Почина новинарот кој колабираше за време на финалето меѓу Магдебург и Кјелце

Објавено

на

foto:twitter.com/kielcehandball

Последниот ден на завршниот турнир во Лигата на шампионите донесе и една тажна вест и тоа поврзано со лицата кои на лице место ги пратеа возбудувањата во Келн.

Имено финалето меѓу Магдебург и Кјелце беше прекинато во одреден период во вториот дел, а причината за тоа беше лекарската помош која мораше да му биде дадена на еден од новинарите. Тој колабираше по што веднаш му беше укажана прва помош, средбата по некое време продолжи заврши со победа на Магдебург, но по крајот ЕХФ ја информираше јавноста дека срцето на Павел Котвица престанало да чука, односно дека е починат.

Поради смртта на колегата беше откажана и последната прес-конференција во Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни