Поврзете се со нас

Свет

Голем чекор напред: Серафимов направи трансфер во еден од најдобрите тимови во Унгарија (Фото)

Објавено

на

Никола Серафимов го зацврсти својот статус на редовен македонски репрезентативец и имаше одлична прва сезона во Унгарија, но по само една година во Залаегерсег, прави голем чекор во кариерата и се стреми кон нови предизвици.

Македонскиот дефанзивец денеска реализираше трансфер во еден од најсилните и најдобри тимови во Унгарија, клуб кој има големи амбиции во новата натпреварувачка сезона.

Серафимов ќе настапува за МОЛ Фехервар откако клубот постигнал догововор со Залаегерсег за комплетирање на трансферот, па пристигна и првата изјава на репрезентативецот по реализираната зделка.

– Откако играм во Унгарија, сфатив дека МОЛ Фехервар е еден од најголемите и најсилните клубови во земјата. Играв еднаш како противник на овој стадион и знам каква е атмосферата во арената. Не размислував многу по понудата која ја добив, сакам да се докажам и сакам да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели.

– Имаме големи амбиции во првенството, а можеме да се тестираме и во Европската Конференциска лига, каде сакаме да напредуваме што е можно подалеку и да стигнеме до групната фаза, – гласи изјавата на 22-годишниот Македонец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни