Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ќе се бори за пехарот во двојки во Летонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/tennis.liepaja

Најдобриот женски македонски рекет, Лина Ѓорческа ќе има можност да дојде до вториот пехар во двојки во оваа 2023 година и тоа на фјучерсот што се игра во Лиепаја, Летонија.

Ѓорческа и нејзината колешка Чагла Бујукакчај имаат одличен турнир, па откако ги суредија првите носителки денеска им пресудија и на третите фаворитки Џеси Ејнеј и Елена Малигина со 2-1 во сетови. Скоро еден ипол час траеше борбата меѓу македонско-турската комбинација и противничките од САД и Естонија, а балканките се покажаа како поуспешни со 6-3 3-6 10-6.

Последна пречка за Лина и Чагла до титулата се домашните тенисерки Дарја Семенистаја и Даниела Вајсман.

Ова е турнир што се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни