Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за настапот во Мелбурн: Турнирот во Австралија е блиску, се ќе дознаете

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ не успеа на најдобар можен начин да ја заокружи оваа тениска сезона затоа што неговата Србија загуби од Хрватска со 2-1 во полуфиналето на Дејвис Купот.

Секако Ѓоковиќ како голем шампион, победник беше разочаран поради резултатот, но истиот мораше да го прифати и сега планира да се одмори и наполни батериите пред новите предизвици. Секако кога е во прашање Новак најинтересното прашање веќе некое време е дали ќе настапи на Австралија Опен, турнирот кој деветпати го освојуваше во кариерата.

За да биде во Мелбурн потребна е примена вакцина против КОВИД-19 и засега не е познато дали Ноле се има вакцинирано, но одговорот на ова прашање ќе го дознаеме многу брзо.

-Следните денови ќе ги искористам да се одморам, да се опоравам и да заборавам на тенисот. Знам дека сите сега сакаат одговори за мојата следна сезона, но ќе бидете информирани кога ќе дојде време. Не можам да дадам датуми. Австралија доаѓа брзо, се ќе знаете, -порача првиот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни