Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се огласи по поразот во Монте Карло: Никогаш не е лесно…

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ не ја оправда улогата на фаворит и претрпе пораз од Каспер Руд во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Србинот имаше доста проблеми, не беше константен во својата игра и тоа на крајот придонесе да го претрпе првиот пораз во соочувањата со тенисерот од Норвешка кој утре против Стефанос Циципас ќе се обиде да дојде до титулата.

Овој негативен резултат го остана Новак и понатаму без пехар во 2024 година, меѓутоа првиот светски рекет е убеден дека доаѓаат подобри времиња.

-Никогаш не е лесно да прифатите пораз. Секоја чест Каспер. Одиме понатаму, -порача Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни