Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Галтие смета дека ПСЖ примил гол во најлош момент од натпреварот со Баерн

Објавено

на

ПСЖ загуби на домашен терен од Баерн Минхен и ќе има потешка задача на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ѕвездите на Кристоф Галтие не успеаја да го надиграат германскиот ривал, а во второто полувреме ни да ги искористат своите шанси за израмнување.

По средбата Галтие оценил дека ПСЖ добил тежок удар со примениот гол во лош момент.

– Очекував повеќе од дефанзивната линија, но повредата на Хакими ни донесе дополнителен проблем. Најлошо е што примивме гол пред влегувањето во игра на Мбапе, затоа што имавме план да направиме промени во играта.

– Во последните 25 минути ја видовме потребната реакција на нашата екипа, го притиснавме ривалот и создадовме шанси. Се ќе биде решено за три недели, веќе не постои предноста за гол на гостински терен, па наша задача е да победиме во Минхен, – изјавил Галтие.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни