Поврзете се со нас

Англија

Галас: Челси треба да купи две ѕвезди на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Актуелните сопственици на Челси не штедеа пари за трансфери откако го преземаа клубот, но таквиот пристап значи дека лондонскиот клуб сега треба да продаде најмалку еден квалитетен играч за да избегне казна поради прекршување на финансискиот фер плеј.

Се шпекулира дека најблиску до заминување се Конор Галахер и Рис Џејмс, но поранешниот фудбалер на Челси, Вилијам Галас, смета дека ваква одлука би била погрешна.

– Челси не смее да го продаде Рис Џејмс, мора да ги задржите фудбалерите кои доаѓаат од академијата и потребни се фудбалери со таков идентитет.

– Тој е капитен, иако за жал често е повреден, сепак треба да го задржиме. Истото важи и за Галахер, клубот треба да најде друго решение за овој проблем.

Галас има посебен совет за раководството во однос летниот преоден рок.

– Маркус Рашфорд и Бруно Фернандеш би биле одличен избор за Челси. „Сините“ располагаат со многу млади фудбалери и потребен им е лидер како Бруно, додека Рашфорд би добил дополнителна мотивација за да го докаже квалитетот и во друг клуб, – вели Галас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни